Ќе го исполни ли Силвио Берлускони (86), сопственикот на Монца, ветувањето кое го даде пред еден месец на божиќната вечера која ја организираше клубот?
„Најдовме добар, пријателски настроен тренер способен да ги мотивира нашите момчиња. На играчите им дадов дополнителна мотивација со тоа што им кажав дека ако ги победиме Милан, Јувентус или некој од поголемите клубови, во соблекувалната ќе им испратам автобус полн со проститутки“.
Монца, вчера во Торино, го победи Јувентус со 2:0. Тимот на Берлускони победи со головите на Патрик Киури и Дани Мота во првото полувреме. Со оваа победа Монца го скокна Јувентус на табелата, кој на почетокот на годинава беше казнет со одземање 15 бода поради финансиска измама. Берлускони се потсети на ветувањето што го даде на крајот на минатата година.
Тоа го потврди во интервју за „Република“, признавајќи дека автобусот со проститутки бил спомнат и тоа не само еднаш.
„Веќе добив 100 телефонски повици, односно барања да си го исполнам етувањето“, рече Берлускони.
Во таа насока беше и соопштението на администраторот на клупската социјална мрежа, или барем така италијанските медиуми ја толкуваат фотографијата од автобусот објавена на Твитер./Makfax/