Централната банка на Нов Зеланд денеска соопшти дека еден од нејзините системи за податоци бил хакиран од непознато лице, кое најверојатно успеало да ги добие приватни податоци на корисниците, како и на банката.

Хакирана е и компанијата што ги споделува информациите на Резервната банка на Нов Зеланд.

Гувернерот Адријан Ор рече дека се стопирани понатамошните упади во системот, а главните функции на банката треба да останат оперативни.

– Работиме на случајот со експерти за компјутерски криминал и други релевантни тела, нагласи Ор.