Кинеската компанија „Синовак“, со отворањето на третата фабрика во Пекинг, го удвои својот годишен капацитет за производство.

„Синовак“ соопшти дека го зголеми производствениот капацитет на вакцината против коронавирус на две милијарди дози годишно, пренесува Анадолија.

Во соопштението се вели дека компанијата завршила со изградбата и пуштила во употреба трета фабрика за сериско производство на состојки за антиковид вакцини.

Првата фабрика за производство на вакцини „Синовак“ беше отворена во август минатата година со годишен производствен капацитет од 500.000 дози, а во февруари годинава беше отворена и втората, со што се зголеми годишниот капацитет за производство на една милијарда дози.