Атлетико Мадрид ќе биде „домаќин“ на Челзи во осминафиналето во Лигата на шампионите на 23 февруари во Букурешт.

Поради ограничувањата за патување до Велика Британија, „јорганџиите“ не можат да ги угостат Челзи на својот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а УЕФА донесе одлука првиот натпревар да се игра во Букурешт.

На тренерот на Атлетико, Диего Симеоне не му пречи. Неговиот тим игра фантастично оваа сезона и тој е убеден дека Атлетико ќе продолжи понатаму.

Неговата изјава доволно кажува дека Аргентинецот е многу самоуверен.

„Било каде, било кога и во кое било време сакаат. Јас немам проблем со тоа“, рече кратко Симеоне за одлуката да се игра натпреварот во Букурешт.

Секако интересна изјава на Симеоне, кој дефинитивно цели високо во Лигата на шампионите.

Засега, неговиот тим е убедлив во шпанското првенство, а според тоа како играат, нема да биде изненадување ако стигнат далеку во најквалитетното европско натпреварување.

loading…