Диего Симеоне и Атлетико Мадрид ја продолжуваат заедничката мисија. Според последните информации од Мадрид, Симеоне прифатил намалување на платата од 20 милиони годишно на 16,5 за да му помогне на Атлетико во тешката финансиска ситуација.

Со ова се стави крај на сите гласини за наводна разделба на лето, а Симеоне сигурно ќе остане до јуни 2024 година, до истекот на договорот. Атлетико Мадрид има очајна сезона, лидерот Барселона им бега 20 бода, испадна од Лигата на шампионите, Купот на кралот, а практично останувањето на третото место е најголем дострел.

Се шпекулираше дека Атлетико би можел да го ангажира Луис Енрике, но сега е јасно дека шпанецот ќе мора да се сврти кон други понуди.

Прикажи повеќе