Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Италија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Како што се наведува во соопштението, земјотресот се случил на длабочина од 269 километри, на оддалеченост од околу 17 километри од населбата Сапри во провинцијата Кампанија и околу 103 километри од градот Салерно во истата провинција.