Селекцијата на Шведска на убедлив начин ги заврши настапите во главната рунда, и со триумф изразен со 14 гола разлика си обезбеди пласман во четврфиналето. Швеѓаните со убедливи 34:20 ја победија Русија и го заверија првото место во групата 4 во која беше и Македонија. Пелас со седум гола беше најефикасен на мечот, додека Котов со четири гола беше најпрецизен кај Русија.

Франција уште еднаш покажа дека е силна и може да победува во најтешките моменти и без својот најдобар ракометар, Никола Карабатиќ. Иако Португалија пред почетокот на натпреварот ја имаше фаворитската улога, Франција покажа зашто доминира во светскиот ракомет во последните 10-тина години, дојде до убедлив триумф од 32:23.

Дескат постигна осум гола, Дика Мем и Нгесан дадоа по пет гола за Франција, додека кај Португалците најпрецизен беше Соареш со шест гола.
Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во групите 3 и 4, познати се и четвртфинални двојки на СП во Египет, тоа се Франција – Египет и Шведска – Норвешка.