Шведскиот палеогенетичар Сванте Паабо, кој го секвенционираше геномот на неандерталецот, ја доби Нобеловата награда за медицина, соопшти денеска Нобеловиот комитет.

„Откривањето на генетските разлики што ги разликуваат сите живи луѓе од изумрените „хомини“, дава основа за истражување на она што нè прави уникатни луѓе“, велат од Комитетот.

Во минатата година оваа награда им припадна на истражувачите Дејвид Јулиус и Ардем Патапутијан, откривачите на клеточните рецептори кои луѓето ги користат за да ја почувствуваат температурата и допирот. Наградата, веројатно меѓу најпрестижните во научниот свет, ја доделува Нобеловото собрание на шведскиот институт Каролинска и е вредна 10 милиони шведски круни (900.357 долари).

Прикажи повеќе