Поранешниот гувернер на Калифорнија, актерот Арнолд Шварценегер изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е неуспешен лидер кој ќе остане во историјата запомнет како најлошиот шеф на американската држава.

Шварценегер, кој е републиканец како и Трамп, во видео порака изрази задоволство оти мандатот на Трамп ќе истече за 9 дена и дека, како што рече, „наскоро ќе биде ирелевантен како стар твит“.

Актерот повика на државно единство и најави поддршка за новиот претседател, демократот Џо Бајден.