Првата носителка Ига Швјонтек продолжи со одличните игри на Австралија опен. Таа ја декласира Кристина Букса дозволувајќи и само еден гем (6:0, 6:1). Букса во претходното коло рунда ја елиминираше Бјанка Андрееску, но не можеше да направи нова сензација. Нејзина следна противничка ќе биде Елена Рибакина од Казахстан, која беше подобра од Американката Даниеле Колинс, славејќи со 2.1 во сетови.
Во осминафиналето се пласира и Јелена Остапенко од Летонија, која со 6-3, 6-0 ја совлада 95. тенисерка на ВТА листата, украинката Катерина Бејндл. Остапенко, која е 17-та во светот, победи по 67 минути. Таа пет пати го одзеде сервисот на противничката, а направи еден брејк во првиот гем од првиот сет. Остапенко ќе игра против седмата носителка Американка Коко Гоф, која беше подобра од сонародничката Бернарда Пера со 6-3, 6-2. Седмата тенисерка на ВТА листата во светот победи по еден час и 35 минути.
Кај мажите, грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во осминафиналето, откако по три сета со 6:2, 7:6, 6:3 го совлада 63. светски играч, Холанѓанецот Талон Грикспур. Четвртиот тенисер во светот победи за два час и осум минути. Циципас во осминафиналето ќе игра против Италијанецот Јаник Синер, 16. рангиран тенисер во светот. Синер по три часа и 36 минути го победи 78. играч на светот Мартон Фучович од Унгарија со 4:6, 4:6, 6:1, 6:2, 6:0.
Свое место во осминафиналето најде и Феликс Оже-Алијасим откако по четири сета со 6:1, 3:6, 6:1, 6:4 го совлада 29. играч во светот, Аргентинецот Франциско Серундола. Оже-Алијасим во осминафиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Британецот Камерон Нори и Јиржи Легечка од Чешка.