Патниците во автобусите кои се враќаат во Велика Британија повеќе од шест часа чекаат на граничните премини поради штрајк на граничниот персонал.
Операторот на фериботот „П и О“ ги советуваше патниците да одат во тоалет пред пристигнувањето и да дојдат подготвени со освежување, јави Би-Би-Си.
Граничниот персонал во Калеи, Данкерк, Довер и терминалот Кокај на Евротунелот штрајкува четири дена поради плата. Британското МВР соопшти дека работи на намалување на доцнењето. Во колоните има голем број автобуси со ученици кои се враќаат од училишни екскурзии.
Редиците почнаа да се формираат вчера наутро, а фериботите P и O издадоа известување до патниците да го планираат чекањето и да донесат грицки, пијалаци и нешто за забава. Членовите на Синдикатот на јавните и трговските услуги (СКС) втор ден штрајкуваат, а планираат да не работат четири дена.