Фудбалерите на Интер утре против Џенова го играат натпреварот од 24-то коло во Серија А на домашен терен.

Денес Антонио Конте требаше да одржи прес-конференција пред утрешниот натпревар, но таа беше откажана поради нови случаи на коронавирус во таборот на Интер.

Пред два дена беше објавено дека директорите Бепе Марота, Алесандро Антонело и Пјеро Аусилио се позитивни на коронавирус, а остатокот од тимот е негативен.

Сепак, денес во Интер беа потврдени два нови случаи на корона, а беа заразена фудбалерката на женскиот тим, Ева Бартонава и Гаетано Ористанио кој игра за младиот тим на Интер.

Затоа клубот одлучи да ја одложи денешната прес-конференција на Конте, а остатокот од тимот беше повторно тестиран и е во изолација додека не дојдат резултатите.