Американските здравствени власти долго време ги советуваа луѓето да носат трислојна маска од платно, хируршка маска или маска Н95 за да се заштитат од ковид-19.

Но, многу луѓе ги удвоија своите маски за да создадат дополнителна заштитна бариера.

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи ја поддржува оваа идеја за носење две маски истовремено. Доктор Фаучи смета дека тоа е добра идеја, особено сега кога се појавија нови варијанти на коронавирусот, кои за првпат беа откриени во Велика Британија и Јужна Африка.

Ако имате само еднослојна маска, ставете уште еден слој, тоа би можело да биде поефикасно – рекол д-р Фаучи.

Видот на маската на која ќе додадете уште еден слој ќе влијае на нивото на заштита. На пример, подобро е да користите двослојна ткаенина за надворешниот слој на маската, а хируршка за внатрешниот слој, наместо да носите истовремено две маски.

Со трислојна маска, секој слој има своја намена: надворешниот слој штити од капки, средниот слој филтрира, а внатрешниот слој ги апсорбира течностите како плунка и пот.

Друг начин да се користи двоен слој може да биде употреба на платнена двослојна маска со штитник за лице или визир, иако постојат некои докази кои сугерираат дека маската е поефикасна од штитот.

Службениците за јавното здравје и понатаму напоменуваат дека треба да одржуваме физичка дистанца, редовно да ги миеме рацете и да избегнуваме собири во затворени простори.