Нема подобро време за гледање интересен филм или серија од викендите. Но, веруваме дека на многумина им e познато чувството – „што да се гледа вечерва“.

Затоа ние одбравме неколку предлози кои можеби ќе го привлечат и вашето внимание.

Feminists: What Were They Thinking? – Филм на „Netflix“

Во 1977 година беше објавена книга со портрети, наречена „Emergence“ од фотографката Синтија МекАдамс, која ги овековечи жените кои го прифатиле феминизмот покрај културните ограничувања. Документарецот ги прегледува овие фотографи и содржи интервјуа со жени како Џејн Фонда, Лили Томлин и Џуди Чикаго кои дискутираат на темите како што е идентитет, абортус, раса, детство и мајчиснство.

Жанр: документарец / IMDB оценка: 8.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 80%

Young Sheldon – Серија на „HBO“

Запознајте го детето генијалец по име Шелдон Купер чиј лик како возрасен го гледавме во „The Big Bang Theory“. Приказната го следи 9-годишниот Шелдон додека расте во Источен Тексас и оди во училиште кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите. Тој се обидува да се вклопи во светот полн со луѓе, вклучувајќи го и сопственото семејство и пријателите, кои не знаат како да се справат со неговите уникатни интелигентни способности и социјална интеракција.

Жанр: ситком / IMDB оценка: 7.0 / Rotten tomatoes рејтинг: 82%

Russian Doll – Серија на „Netflix“

Една млада жена по име Надја е заглавена во мистериозна времнска јамка како почесен гостин на една навидум неизбежна забава во Њујорк. Таа постојано умира, а следниот ден се буди како ништо да не се случило. Додека се обидува да открие што ѝ се случило. Надја запознава човек на кој му се случува истото умирање и одново будење…

Жанр: комедија, драма / IMDB оценка: 7.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 97%

Тhe Way Back – Филм на „HBO“

Џек Канингам разведен алкохоличар, се бори да го одржи својот социјален живот. Сепак, целата приказна се менува кога ќе биде побараат да биде тренер на кошаркарската екипа во неговото средно училиште.

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 66%