
Есенскиот првак и актуелен лидер на табелата во Првата лига, тимот на Струга Трим Лум, неочекувано го отпушти тренерот Срѓан Захариевски по две ремија на стартот на пролетта. Стружани одиграа 1-1 против Тиквеш во Кавадарци, а потоа и 0-0 против Македонија ЃП на домашен терен во меч во кој Бесарт Ибраими промаши два пенали.
Раководството на Струга ТЛ сега ја разгледува најдобрата опција за негова замена, а според информациите тоа е Шпетим Дуро, албанскиот стратег кој во минатото беше на клупата на Шкендија. Тој релативно добро ја познава македонската лига, а последен пат беше на клупата на албанскиот клуб Игнатиа. Струга Трим Лум во моментот има два бода предност пред Шкупи на врвот на табелата.