Освен Германија, Шпанија и Португалија ги затворија своите граници и за сите кои летаат од Велика Британија, па клубовите кои учествуваат во Лигата на Европа ги менуваат стадионите домаќини.

Така, во соработка со УЕФА е решено соочувањето меѓу Бенфика и Арсенал да се одржи на стадионот „Олимпико“ во Рим, точно на 18 февруари годинава.

Во моментов се дискутира за натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед, кој не може да се игра во Шпанија и најверојатна опција е повторно да се игра во Италија, на стадионот „Олимпик“ во Торино

Промените на стадионот се очекуваат во наредните денови и за други натпревари, бидејќи многу држави воведоа забрани за патување на Британците, поради новата верзија на коронавирусот, која започна да се шири таму.

loading…