Шпанија планира да ја укине мерката од 20 мај, според која Британците треба да презентираат негативен PCR тест за коронавирус по пристигнувањето во земјата, под услов стапката на инфекција во Британија да продолжи да опаѓа.

„Со отворање на британскиот пазар, Британците ќе можат да ја посетат Шпанија“, нагласи денеска министерката за туризам Рејес Марото по неделниот состанок на владата, давајќи му надеж на ранливиот туристички сектор.

Плановите за укинување на барањата за ПЦР тестови се дел од пошироката ревизија на европските регулативи за незадолжително патување надвор од ЕУ, што Марото очекува да биде одобрено до 20 мај.

„Британците би можеле да не посетат од 20 мај па натаму без ПЦР доколку стапките на инциденца се под моментално забележаниот опсег, и сега изнесува 50 случаи на 100.000 луѓе“, рече Марото.

Таа исто така истакна дека Шпанија мора да ја намали сопствената стапка на инфекција за да ја охрабри британската влада да ги укине ограничувањата за патниците што се враќаат дома.