Бранејќи ја поддршката на Германија за Украина, за која критичарите во Киев и на други места во Европа велат дека е премногу воздржана, Шолц рече дека Германија е еден од најголемите поддржувачи на Украина после САД.
Ризикот рускиот претседател Владимир Путин да користи нуклеарно оружје во војната во Украина е намален како одговор на меѓународниот притисок, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за медиумската група „Функе“ по повод неговата прва година на функцијата.
Тој исто така оцени дека војната продолжува со „ненамалена бруталност“, иако една работа засега е променета.
„Русија престана да се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје. Како реакција на црвената линија што ја означи меѓународната заедница“, додаде Шолц, со порака дека и покрај длабоките поделби, важно е да продолжи дијалогот со Кремљ.
Путин вчера рече дека ризикот од нуклеарна војна расте, но инсистираше на тоа дека Русија не „полудела“ и дека сопствениот нуклеарен арсенал го гледа како чисто одбранбено одвраќање.