Во Фудбалската федерација на Македонија се одржува итен состанок на Комисијата за натпреварување на кој ќе треба да се донесе конечна одлука за прекинатиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија. Јасно е дека потоа предметот ќе оди во рацете на Дисциплинската комисија, а за очекување е теренот на стадионот Чаир да биде автоматски суспендиран.
Натпреварот беше прекинат во деветтата минута навивачите на Шкупи влетаа во теренот да се пресметаат со Дашмир Елези, кој постигна гол за Шкендија и замина да се радува пред домашните фанови. Потоа се случи жестока тепачка, се вклучи и полицијата да го расчистува хаосот, а судијата Јован Качевски донесе одлука за прекин на мечот, при резултат 0-1. /Макfutbal/