
Екипата на Шкупи, доби казна од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и „Чаир“ е суспендиран поради инцидентите на Куп-дуелот со Шкендија.
Чаирчани поради напад на гостинските фудбалери од страна на навивачите ќе мора да играат на 100 километри од својот стадион, а веќе е пријавена алтернативата.
Следниот дуел против ФК Скопје, екипата на Шкупи ќе го игра на Градскиот стадион во Кичево. Натпреварот е закажан в сабота од 13:00 часот. Шкупи е во горниот дел на табелата, Скопје е закован на дното./Gol.mk/