Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска на својот профил на социјалните мрежи објави фотографии од рушењето на едната од трите галии на реката Вардар.

„Првата од 3-те галии во коритото на Вардар заминува во историјата. Скопје, една поинаква приказна“, напиша Шилегов.

Следуваше и реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму истакнаа дека рушењето е чист маркетинг, и прашаа до каде е рушењето на неговата дивоградба.

„Рушењето на Галијата е чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов. Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе биде запамтен е рушење на галијата и засадување на едно сиромашно дрво.

Искрено се надеваме дека големата офанзива за рушење на Петре ќе продолжи со неговата зграда дивоградба изградена со парите од украдените пари од тендери“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.