Во своите мемоари „The Beauty of Living Twice“, актерката Шероун Стоун прозборе за вознемируваките искуства што ги доживеала во текот на нејзината кариера и откри дека толкувањето на главната улога во филмот „Сурови страсти“ ѝ било особено тешко…

Во делот од мемоарите на 63-годишната актерка, објавен во „Vanity Fair“, актерката вели дека член на продукцијата на „Сурови страсти“ ѝ рекол да ја соблече долната облека додека ја снима култната сцена со прекрстени нозе, преправајќи се дека нејзината интимна зона нема да се види во филмот.

epa-efe
Foto: EPA-EFE/NINA PROMMER

Откако го снимивме филмот, ме поканија на проекција. Не само со режисерот, туку со полна соба агенти и адвокати, од кои повеќето немаа никаква врска со филмот. Така, за прв пат, видов снимка од мојата вагина, долго откако ми рекоа дека нема да се види ништо и дека треба да ги соблечам гаќичките бидејќи белата боја рефлектира светлина, така што сите ќе си мислат дека носам гаќички. Имаше многу мислења на оваа тема, но бидејќи јас бев таа чија вагина беше на големиот екран, дозволете ми да кажам: Другите ставови се сра*е“, вели Стоун.

По гледањето на филмот, Стоун вели дека му удрила шлаканица на режисерот Пол Верховен, отишла до својот автомобил и веднаш му се јавила на својот адвокат Марти Сингер.

Сингер, наводно, ја известил дека филмска куќа не може да објави филм со ваква измама. И како што вели актерката, во тоа време, поради таа сцена, можела да добие судска забрана за емитување на филмот.

Profimedia
Profimedia

Видете, тоа беше 1992 година, не сега, кога на „Netflix“ секој може да види сешто. И тогаш Марти рече дека според Сојузот на актерите, мојот сидикат, не е легално да се снима филмот на овој начин“, продолжува таа.

Откако размислила за сите можни последици и се ставила на местото на режисерот, Шерон одлучила сепак, да не го тужи студиото, затоа што знаела каков филм снима…

Го информирав Пол за можностите што ми ги откри Марти. Се разбира, тој остро негираше дека воопшто имам избор. Бев само актерка, само жена, каков избор би можела да имам? Но, имав избор. Долго размислував и решив да ја дозволам оваа сцена во филмот. Зошто? Затоа што тоа беше исправно за овој филм и за ликот што го толкував“, вели актерката.

epa-efe
EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Стоун вели дека многу се борела за таа улога и цело време само тој режисер се залагал за да ја добие истата. Морала да најде начин како објективно да ја процени ситуацијата.

Во однос на разгледувањето на мрачната страна, можам да кажам дека ова беше убедливо најтешката улога што некогаш сум ја снимила. Беше страшно. Додека се снимаше филмот, три пати одев во сон, а двапати се разбудив целосно облечена во мојот автомобил паркиран во мојата гаража. Имав ужасни кошмари“, открива актерката, за која ова не била единствената средба со предаторско однесување за време на снимање.

Еден режисер, како што вели таа, постојано барал да седи во неговиот скут додека ѝ давал насоки.

Profimedia
Profimedia

Овој кандидат за „#MeToo“, кога Лаирд беше уште мало бебе, со недели секојдневно ме викаше на работа, ме испраќаше на фризер, шминка и во гардеробата, а потоа не сакаше да снима со мене затоа што одбивав да му седам во скутот додека ми даваше насоки. Се разбира, филмот доживеа неуспех. Нивото на несигурност и непрофесионалност, а претпоставувам и злоупотреба на дрога, потребна за донесување такви одлуки, никогаш не резултираат со добра работа“, вели Стоун.

Еден продуцент ѝ предложил дека треба да спие со нејзиниот колега од филм за да се почувствува „вистинска хемија“ на филмското платно.

Инсистираа дека актерот кој на пробите не можеше да извлече ниту една цела сцена ќе стане добар актер ако спијам со него? Никој не е толку добар во кревет“, вели Стоун, која во своите мемоари открива дека тоа не било прв пат некој продуцент или режисер да побара такво нешто.

Секс, не само сексуалност на екраните, веќе долго време се очекува во мојот бизнис“, заклучи таа.