Mинистерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска се жали што опозицијата ги бликира измените на Законот за задолжително пензионирање во јавниот сектор, со кои граѓаните ќе можат да одат на старосна пензија со 62 и 64 години.
Шахпаска ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат споровите со пратениците од власта затоа што сите амандмани во суштина се исти и се однесуваат само на рокот кога важи законот.
Од друга страна доцни и законот за откупување стаж, но Шахпаска вели дека рокот за стапување во сила на овој закон кој што го имаат ветено како Влада, истекува во 2024.
Новиот закон за пензионирање, ветен уштен во првиот мандат на владата, предвидува задолжително пензионирање на жени на возраст од 62 години и мажи на 64 години. Тој нема да ги опфати медицинскиот кадар и универзитетските професори, а требаше да стапи на сила на 1 јануари, кога се очекуваше да се пензионираат над 10 илјади лица.