Што го очекува вашиот хороскопски знак?

Овен

Вие сте импулсивна личност со огнен дух, но енергијата на Девиците ќе ве успори и ќе ве спушти на земја. Ако досега се чувствувате расеано или пак изморено, ова е моментот кога ќе успеете да го најдете својот фокус и да се насочите на она што ви е навистина важно. Можеби ќе морате да поставите граници, да го исчистите својот распоред, на некои луѓе да им кажете не, но и да се решите на што сакате вистински да го потрошите своето време.

Особено интересен транзит за вас е младата Месечина на 27 август, бидејќи ќе морате да донесете важни одлуки и да преземете акција. На 9 септември, Меркур почнува да се движи ретроградно, што значи дека е најдобро да се фокусирате на одржување на постоечките контакти, наместо да додавате нешто ново. Потоа ја имаме и полната Месечина во Риби која ќе ја активира вашата емотивна страна и може да отвори некои стари рани од минатото, кои долго време сте ги туркале под тепих. Можеби ќе бидат откриени и некои тајни или важни информации.

Бик

Во сезоната на Девиците, Уран ќе биде активен но ќе почне да се движи ретроградно, а тоа значи дека тоа ќе ви даде можност да земете здив, да застанете и размислите и да се навратите на изминатите седум месеци. Уран е планета на промените и будењето па така веројатно почувствувавте некои промени во последните години. Со неговото ретроградно стационирање, ќе добиете можност да се носите со промените и да ги прифатите. Вие сте знак кој генерално не сака промени, но сега веќе нема да се чувствувате непријатно или нестабилно. Уран ќе патува ретроградно до почетокот на 2023 година, па затоа бидете трпеливи ако малку се чувствувате како да лебдите во воздух.

На 27 август ни доаѓа младата Месечина која за вас е одличен период да се погрижите за себеси. Внимавајте да не претерате или да се нафатите на нешто што не можете да преземете. Меркур исто така ќе почне да се движи ретроградно на 9 септември, само еден ден пред полната Месечина во Риби. Оваа енергија би можела да направи да се чувствувате малку изгубено и да предизвика нестабилност. Чувајте ја својата енергија, грижете се за себеси и не навлегувајте во она што го зборуваат другите.

Близнаци

Девицата ја дели истата владејачка планета како и вие, така што ова ќе биде добар период за вас. Меркур вашиот владетел почнува да се движи ретроградно на 9 септември, така што вие максимално ќе ја искористите оваа енергија. Искористете ја првата недела од владеењето на Девицата за да се организирате и да ги консолидирате своите планови. Кога Меркур ќе почне да успорува, најдобро е да се фокусирате на нешто што веќе е дел од вашиот живот и да не внесувате големи новини.

Со оглед на тоа дека Меркур е ваш владетел, неговото ретроградно движење може да биде малку бавно, но затоа потрудете се оваа енергија да ја насочите кон одмор и полнење на батериите. Имајте отворен ум, бидете отворени за учење, никогаш не знаете што можете да откриете. Ако дури сега треба да заминете на одмор, направете го тоа за време на полната Месечина на 10 септември. Таа е одлична за романтични моменти, но и креативна енергија која ќе ви донесе желба да го постигнете тоа што одамна сте сакале да го пробате.

Рак

За време на владеењето на Девицата обидете се да најдете време за да ги нахраните својот ум, тело и душа. Изминативе месеци бевте особено зафатени, па затоа сега ова е сезона во која можете да паузирате, да се опуштите и да ги успорите работите. Организирајте се, исчистете го нередот и потрудете се максимално да ја искористите оваа енергија.

Младата Месечина во Девица на 27 август претставува добро време за да се ослободите од товарот и да споделите со другите како се чувствувате. Ова е и одличен миг за да стапите во контакт со својот внатрешен глас. Како што ќе навлегуваме во септември, Меркур ќе почне да се движи ретроградно успорувајќи ги работите и потсетувајќи нèна она што е важно. Ова е период кога треба да практикуваме трпение и внимателно слушање. На 10 септември ни пристигнува полната Месечина во Риби која носи мало олеснување.

Лав

Вашата сезона завршува, па можно е да се чувствувате исцрпено и безволно. Ако тоа се случи, потрудете се да одвоите време за да ги наполните батериите и да се фокусирате на она што е навистина важно. Ова може да бара да ги прилагодите своите граници, да им кажете не на другите, да се оддалечите од луѓето кои не прават да се чувствувате добро.

Сезоната на Девиците ќе ви донесе поттик да се посветите на своето здравје и добросостојба, особено навиките за исхрана и она што го внесувате во своето тело. На 27 август настапува младата Месечина која ќе ја извади на површина вашата огнена страна. Ако нешто ви пречи во вашиот живот, оваа млада Месечина може да биде точката на вриење кога ќе донесете голема одлука. Полната Месечина на 10 септември е од понежна природа и ви носи период кога ќе можете да бидете она што сте.

Девица

Добредојдовте во својата сезона. Сончевите зраци кои ќе ве осветлат ќе ви донесат харизма, самодоверба и ќе го активираат секој дел од вашиот живот. Ова е време за убави нешта.

Бидете благодарни за она што ви се случило, а ако напорно работевте во текот на изминатите месеци, бидете подготвени да ги соберете плодовите од својата напорна работа за време на вашата сезона. Младата Месечина во вашиот знак доаѓа на 27 август и ви помага да напредувате со своите цели. Замислете желба за она што го посакувате во својот живот во следните 12 години. Исто така, можете да го искористите овој транзит за да се оттргнете од она што ве кочи.

Со помошта на Марс ќе успеете да ги надминете своите стравови и ментални блокади, па оваа енергија е добра за вас. Меркур ќе почне да се движи ретроградно на 9 септември и тогаш е најдобро да не брзате никаде. Не носете нагли одлуки, не влегувајте во конфликти и не правете големи планови.

Вага

Сезоната на Девиците за вас е време за завршетоци. Вие ќе го завршите патувањето околу сонцето и ќе се подготвувате за вашата сезона која доаѓа. Но, пред тоа, важно е да се исчистите и ослободите од она што не ви носи ништо добро. Ставете крај на работите кои треба да се завршат и сфатете дека не можете да добиете одговор и совршен крај за сè во животот. Дури и да не сте сигурни што сакате, дајте си одговор на она што не го сакате. Меркур ќе почне да се движи ретроградно во вашиот знак на 9 септември. Тоа може да ви донесе тежок разговор, или пак потреба одвнатре да сфатите како се чувствувате во однос на нешто. Дозволете му на Меркур да се движи ретроградно по својот тек без да се обидете нешто да менувате.

Полната Месечина во Риби на 10 септември може да ви ги разбуди емоциите и да ве натажи.

Шкорпија

Сезоната на Девиците за вас е одлично време да се посветите на своите желби и цели. Ако постои нешто што сакате да го направите или пак на целите кои ги имате веќе некое време, ова е совршен момент. Посветената и организирана енергија на Девиците ќе ви помогне во секој чекор од ова патешествие.

Заборавете на самокритичноста и искористете ја оваа енергија за да напредувате. Младата Месечина на 27 август ќе ви помогне да го манифестирате она што го посакувате. Лесно ќе успевате да го исполните сето она што го имате на ум.

Полната Месечина ви носи интересна енергија. Таа го осветлува небото на 10 септември и ви носи рамнотежа, но и силна интуиција и креативност.

Стрелец

На што и да бевте насочени во изминатиот период, ќе биде исполнето за време на сезоната на Девиците. Ова особено може да се случи за време на полната Месечина во Риби на 10 септември. Универзумот ви носи големи награди и подароци. Потрудете се да бидете благодарни за тоа што ќе го добиете.

Со почетокот на ретроградното патување на Меркур на 9 септември, ќе бидете поттикнати да размислувате и да не делувате брзо и импулсивно. Полната Месечина во Риби на 10 септември е одличен период за поттикнување на вашата креативност и внесување инспирација во вашиот живот. Обрнете внимание на нештата околу вас.

Јарец

За вас е важно да ја искористите сезоната на Девиците за да придонесете кон повеќе добросостојба во вашиот живот. Проверете ги симптомите кои ги чувствувате, закажете прегледи, но и закажете масажа и внесете навики кои ќе внесат повеќе мир во вашиот живот. Бидете нежни кон своето тело и ум.

Младата Месечина на 27 август е одличен период кога би можеле да се посветите на одмор и релаксација. Девицата е дополнително тука за да ве направи посветени, но и практични во однос на навиките кои ќе ги креирате. Ова е и одличен период да постигнете баланс во својот живот и да се вратите во рамнотежа. Ако се чувствувавте расеано, ова е период кој ќе ви донесе фокус.

Ретроградниот Меркур на 9 септември може да ве успори, но потрудете се да не се насочувате на оние нешта над кои немате контрола. Полната Месечина на 10 септември е транзит кој ќе ве инспирира да се ослободите од она на што не треба да обрнувате внимание. Таа од вас бара да го следите своето срце и чувства, а не свој рационален ум. Дозволете и на интуицијата да ве води.

Водолија

Вашата владејачка планета Уран има силно влијание на космичкото небо, а на 24 август таа почнува да се движи ретроградно, давајќи ви време да се прилагодите на промените и ситуациите во кои ќе се најдете. Ако некои работи се неконкретни, ова е добар период да бидете трпеливи.

Ретроградниот Меркур на 9 септември може да успори некои работи. Бидете трпеливи и дозволете им на работите да се одвиваат сами по себе. полната Месечина на 10 септември ќе ве натера да се запрашате како се чувствувате и да ги слушнете сигналите од вашето тело.

Риби

Ова е период кога ќе бидете фокусирани на вашето опкружување, а тоа може да влијае и на вашите односи со другите луѓе. На што и да го насочите својот фокус, не заборавајте на мудроста која ја носат Девиците. Таа не ги прашува другите за совет, туку ги има сите одговори кои ги наоѓа во себе. Сега е време кога треба да си верувате себеси и да им верувате на одговорите кои доаѓаат до вас.

Младата Месечина во Девица ни доаѓа на 27 август и може да направи да се чувствувате малку ирационално. Внимавајте да не носите пребрзи заклучоци или пак да преземете товар за нешто што во овој период не можете да го поднесете. Меркур наскоро влегува во ретрограден од и така од 9 септември е важно никаде да не брзате и да не носите нагли одлуки. Дајте им простор на работите и луѓето околу вас и почекајте тој да се стационира директно на 2 октомври.

Полната Месечина достигнува врв на 10 септември и е во вашиот знак. Таа ќе биде нежна и ќе ви помогне да се одморите и да ги наполните батериите.