Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека она што било истрелано од Северна Кореја би можело да биде балистичка ракета
Северна Кореја денеска истрела проектил кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејскиот здружен штаб (ЈЦС). ЈЦС не даде детали за лансирањето.
Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека она што било истрелано од Северна Кореја би можело да биде балистичка ракета. Северна Кореја, наводно, истрелала балистичка ракета во морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија во четвртокот, неколку часа пред јужнокорејскиот претседател да замине во Токио на самит за да разговара за начините за одвраќање на нуклеарно вооружениот Север.
Јужнокорејските и американските сили спроведуваат 11-дневна заедничка воена вежба наречена „Штитот на слободата 23“.