Северна Кореја во неделата истрела две балистички проектили во морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска. Јапонскиот заменик-министер за одбрана Тоширо Ино изјави дека севернокорејските балистички ракети се чини дека паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија.
Според јапонското Министерство за одбрана, проектилите летале на височина од 550 километри и прелетале 250 километри. Ино рече дека засега нема извештаи за нивна штета.
Северна Кореја лансираше ракети неколку дена по тестирањето на ракетниот мотор со цврсто гориво за кој експертите велат дека треба да овозможи побрзо и помобилно лансирање балистички ракети, бидејќи се обидува да развие ново стратешко оружје и да ги забрза своите нуклеарни и ракетни програми.
Тестот беше спроведен во четвртокот, а го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Северна Кореја изврши невиден број ракетни тестови оваа година, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета што може да стигне до САД, и покрај меѓународните забрани и санкции.