Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД Грег Попович изјави дека поразот на неговиот тим од Франција на стартот од кошаркарскиот олимписки турнир не е изненадување. Французите со оваа победа 83:76 ја прекинаа низата од 25 победи на САД на Олимписките игри, за кои ова е прв пораз по 2004-та година.

-Кога ќе загубите натпревар, не сте изненадени. Разочарани сте. Не го разбирам зборот изненаден. Тоа не е чесно кон Франција, демек сме требале да ги победиме со 30 кошеви разлика. Франција е силна екипа, вели Попович и додава:

-Немојте да се чудите на овој пораз. Има многу одлични тимови ширум светот, составен од НБА играчи. Јазот помеѓу Америка и остатокот на светот се намалува секоја година, вели тој.