Португалскиот селектор Фернандо Сантос беше разочаран откако неговиот тим беше поразен од Германија со 4-2.

Во Минхен се одигра добар натпревар. Португалија водеше со голот на Роналдо, потоа два автогола на Португалецот за пресврт, на крајот триумфираа Германците.

“Нешто тргна наопаку. Колективно се браневме лошо. Бевме исфрлени и тоа ни создаде многу проблеми”, рече Сантос и додаде:

“Германија е една од најдобрите репрезентации во светот. Која селекција може да дојде во Германија со мислење дека ќе ја победат? Мислев дека можам, но не успеавме. Заслужена победа на Германија”.

Португалецот ќе има меч за одлука против Франција во рамките на 3. коло од групната фаза во Евро.

“Сакам да одиме напред. Да ја допреме Месечината ако е потребно. Тоа е вистина. Јас ќе разгледам некои промени за Франција. Ако победиме, одиме во втората фаза”, додаде тој.