Фестивалот „Охридско лето“ ја слави културата, а културата не е култура ако зад неа не стои јазик, истакна министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ. кој синоќа пред настапот на српскиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот ансамбл „Камерата“ од Нови Сад, пред присутните се обрати на македонски јазик.
За време на Фестивалот забележа дека Охрид се претвора во духовна престолнина на Република Северна Македонија, каде гостуваат светски познати изведувачи.
Изразувајќи благодарност за организацијата на Српска вечер во рамките на фестивалот, посочи дека покрај Миленковиќ и „Камерата“ на годинашното издание ќе настапат и Оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад, пијанистот Александар Плевмановиќ, виолончелистката Ирена Јосифовска, како и Нардониот театар и Југословенскиот драмски театар со претставите „Војна и мир“ и „Вујко Вања“.
– Задоволството е дотолку поголемо што музичката уметност на Република Србија, која има долга и богата традиција, вечерва ќе ја претстави нашиот прославен виолинист Стефан Миленковиќ. Стефан е уметник од светска класа, чии настапи ширум светот ги воодушевуваат љубителите на музиката, рече Селаковиќ.