Директорот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија, доктор Марко Ерцеговац, изјави дека околу една третина од здравствените работници во таа институција се заразени со коронавирусот, но оти повеќето имаат полесна клиничка слика.
Ерцеговац за РТС изјави дека околу една третина од вработените се болни, но оти повеќето се добро.
– Ако продолжи ова темпо, нема да има доволно време да се вратат оние што закрепнале, истакна тој.
Директорот на Ургентниот центар наведува дека вработените постојано ги надминуваат границите на издржливост.
– Тие постојано ги надминуваат границите на толеранција, тој ентузијазам да им се помогне на граѓаните понекогаш е таков што го забораваат својот умор … Никој не е ист како пред короната, мора да издржиме, нагласи Ерцеговац.
Тој информира дека дневно се прегледуваат околу 700 пациенти, а се примаат меѓу 10 и 15 проценти, а тоа се главно итни случаи.