Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача секоја земја самата да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „Астра зенека“ постои ризик од згрутчување на крвта.

„Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „АстраЗенека “, изјави директорката на ЕМА, Емер Кук.

Во изминатите десет дена неколку земји, меѓу кои и Македонија, ја забранија употребата на „АстраЗенека„ за лицата под 60 или 55 години, со очекување дека конечната одлука ќе ја донесе ЕМА. Во Франција веќе се поднесени првите тужби поради смртта на луѓе по примањето на вакцината „АстраЗенека“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.