Игор Ангеловски откри дека го побарал претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на состанок, на кој старо-новиот прв човек на федерацијата не дошол.

„Сејдини има потврден тест за ковид-19, во петокот се пожали на симптоми, а и на вкочанетост на кичмата и само поради тоа состанокот не се одржа“, рекоа од прес-службата на ФФМ.

Ангеловски во краткото обраќање после прашината која се крена на релација национален тим – ФФМ, откри дека имало договорен состанок со Сејдини, на кој првиот човек не дошол.

„Многу прашина се крена на релација ФФМ – репрезентација, многумина се јавија дека нешто треба да се преземе. Јас го исконтактирав претседателот за да дојде да поразговараме за сите недоразбирања и сите тие да ги надминеме. Се договоривме за во саботата да се сретнеме, но тој не дојде, иако имаше ветување дека ќе дојде. Време е да се обединиме и да одиме сите заедно кон Евро 2021. Еве еден јавен повик за средба за да се надминат недоразбирањата“, рече Ангеловски.