Германскиот тим го потврди она што сите го знаеја. Јулијан Нагелсман е нов тренер на најголемиот германски тим. Според информациите од германските медиуми, Баерн на Лајпциг ќе му плати 20 милиони евра обештетување, бидејќи Нагелсман имаше важечки договор. Суперлиталентираниот 33-годишен тренер доби договор на пет сезони, што е доказ дека Баерн верува во неговите квалитети.