Бизнисменот Сефер Цаноски, кој многу често преку социјалните мрежи ги искажува своите ставови за општествените случувања, денес на својот профил на социјалните мрежи, упати апел до Македонците:

-Драги браќа Македонци, Вие сте тие што треба да ги средите работите во државава и никој друг.

Не се криви Албанците ниту пак останатите помали етнички заедници, тие не се проблем и тие не можат да најдат решение затоа што масата односно поголемиот процент во државава се македонци и тие ја имаат најголемата одговорност денеска.

Се покажа изминативе години кому најмногу одговара кога внатре македонецот е поделен и кога не знае државата каде тера. На тој начин се станува народ без грам доктрина и визија за иднината.

Решението е македонецот да седне на маса и да најде солуции за круцијални и долгорочни работи кои ја засегаат иднината на сите. А најмногу на нашите деца.

Преку комуникација да се заштитат интересите на напатениот народ и држава. Потребно е лидерство и решение каде нема да има предавници и јунаци!

Помирете се. Комуницирајте. На тој начин ќе донесете поквалитетни решенија за иднината.

Образованието, здравството и сите сектори ни се коруптирани и испартизирани.

Како да не ни е гајле што им оставаме на нашите деца и генерации, кои патем тие треба да бидат утре доктори во истите болници или во останатиот дел од системот полн со рушевини кои им ги оставаме.

Затоа децении гледаме како си одат надвор, претежно во истата Европа и прекуокеанот- далеку од дома.

1. Зарем не патеше доволно нашиот народ ?

2. Кои се нашите национални и општествени интереси или црвени линии?

3. Која е нашата иднина како народ и држава?