Ерлинг Халанд е голема sвезда на европскиот фудбал, иако штотуку влезе во третата деценија од својот живот.

Борусија Дортмунд ќе биде домаќин на Севиља во осминафиналето од Лигата на шампионите, а кога пристигнаа во хотелот Халанд беше прва sвезда.

Практично, сите присутни сакаа да се фотографираат или да земат автограм со Халанд, а дури седум пати беше прашан дали ќе дојде во Реал Мадрид.

Младиот Норвежанец беше многу љубезен, се обидуваше да ги задоволи сите, се додека едно време конечно не го загуби трпението со прашањето во Реал, па само одмавна со раката.

loading…