Во последниве години, повредите на вкрстените лигаменти станаа почести на фудбалските терени и се сметаат за најтешки можни во светот на фудбалот.

Страшна вест ги поздрави Џеф Рејн-Аделајд по натпреварот помеѓу Монако и Ница одигран синоќа.

23-годишникот се врати по скоро една година и веднаш ги скина вкрстените лигаменти на десното колено. Претходно паузираше поради истата повреда, но на десното колено.

Тој утре ќе се упати кон Лион каде ќе има нова операција исто како во 2019 година.

Рејн-Аделајд е патем играч на Лион, а оваа сезона пристигна во Ница на позајмица. Работите дефинитивно не одеа како што тој замислуваше.

loading…