Зграда во изградба се урна во Мосул, северен Ирак, при што загинаа најмалку три лица.

Advertisements

Девет лица се повредени и пренесени во болница, соопшти денеска полицијата од областа Ниневија. Несреќата се случила додека работниците ставале цемент на покривот, пренесува АП.

Голем дел од Мосул беше уништен во 2017 година во битките со силите на Исламската држава кои траеја со месеци. Ирачките сили потоа извојуваа победа што беше и конечен пораз на Исламска држава во јули 2017 година.

Прикажи повеќе