Веројатно љубителите на ракометот добро се сеќаваат на дебелкото од репрезентацијата на Конго, кој стана хит на СП во Египет. Готие Мбумби сега има нов клуб, а иако имаше информации дека е можно да ја продолжи кариерата во француската или шпанската лига, сепак се одлучи за САД.

-Пресреќен сум што можам да објавам дека ќе играм за Детроит, за да помогнам да се развива ракометот во САД, изјави Мвумби.