Главниот командант на американсите сили во Авганистан, генерал Остин Милер, денеска се повлече од позицијата како симболичен чин на 20-годишното присуство на Американците во земјата, јави Вашингтон пост.

Ова е и најдолгиот вооружен конфликт во кој САД биле некогаш вовлечени. Повлекувањето отвори пат за подем на Талибанците кои се закануваат да ја урнат регуларната влада во Авганистан.

Официјално, американската воена мисија во Авганистан треба да заврши на 31 август. САД, сепак, не заминуваат целосно од земјата.

Како што соопшти Кенет Мекензи, раководител на Централната команда која ги координира американските сили во жешките точки како Авганистан, Ирак и Сирија, „треба да се признае дека ова ќе се разликува многу од тоа што беше претходно“, изјавувајќи дека САД и понатаму ќе пружат помош на авганистанските сили за безбедност.

– Нема да го намалувам тоа, но ние ќе ги поддржуваме, изјави денеска Мекезни од Кабул на брифинг за новинарите.

Притоа, тој предупреди дека Талибанците најверојатно се со намера за „воено решение“ на конфликтот за кој САД правеа неуспешни обиди да го регулираат со помош на преговори меѓу Талибанците и владата на претседателот на Авганистан, Ашраф Гани.

Тој предупреди дека главните градови на провинциските центри се наоѓаат под закана, но дека авганистанските сили „се целосно решени на тврда борба“ за нив.

По заминувањето на Милер, поранешен припадник на специјалните сили „Делта“, Мекензи може да санкционира авио удари врз Талибанците до 31 август, а потоа тој ќе го посвети вниманието на контратерористички акции против „Ал Каеда“ и „Исламската држава“.

Како што истакна конгресменката Елиса Слоткин, демократка, многу законодавачи сакаат од Администрацијата на Бајден да добијат подетални одговори за тоа како САД ќе ги утврдуваат потенцијалните заговори од „Ал-Каеда“ по заминувањето од Авганистан.

Пентагон има направено план за транзиција по оставката на Милер, со што и понатаму ќе се укажува поддршка на авганистанските сили за безбедност, воглавно од надвор.

Тоа може да се прави од американската база во Катар, раководена од бригадниот генерал Кертис Базард, кој се фокусира на финансиска поддршка за авганистанските сили за безбедност, додека контра-адмиралот на воено-морската флота, Питер Васели, припадник на специјалните сили „морски Фоки“ со две ѕвезди, кој ќе раководи со новосоздадената единица од 650 војници кои ќе ја заштитуваат американската амбасада во Авганистан и аеродромот.