Научник од Институтот за вирусологија во Вухан, д-р Ши Зенгли, познат како „Жена лилјак“, ги отфрли новите тврдења дека Кводи-19 можеби избегал од нивната лабораторија и ги нарече „тажни и неприфатливи“.

Група од 18 научници, вклучително и еден од најистакнатите светски истражувачи на коронавируси, ја започнаа дебатата за тоа дали Ковид-19 избегал од лабораторијата во Вухан преку ноќ.

Предупредувајќи дека нема доволно докази за да се исклучи таа можност, групата му напишала на престижното списание „Сајанс“, повикувајќи на понатамошно истражување за потеклото на видот Ковид-19, одговорен за глобалната пандемија.

– Мораме сериозно да ги сфатиме хипотезите за природна и лабораториска трансфузија додека не добиеме доволно податоци – се наведува во писмото.

ФОТО: Лабараторијата за која се тврди дека од таму потекнува Ковид-19
ФОТО: Лабараторијата за која се тврди дека од таму потекнува Ковид-19
ФОТО: Лабараторијата за која се тврди дека од таму потекнува Ковид-19