Вуди Ален и неговата сопруга Шун-Ји Превин за новата документарна серија за американскиот актер и режисер велат дека е „преполна со лаги“.
Првата епизода од документарната серија „Allen v Farrow“ од денес се прикажува на „HBO“. Секој понеделник ќе биде достапна по една нова епизода.
Режисерите Кирби Дик и Ејми Зиринг во документарниот филм ја прикажуваат долгата приказна за еден од најпознатите холивудски скандали, поточно обвинувањата против Вуди Ален за сексуално злоставување на неговата тогаш посвоена 7-годишна ќерка Дилан а потоа и неговата љубовна врска со Сун-Ји-Превин, ќерка на актерката Миа Фароу.
Вуди Ален реагираше на документарецот, објавувајќи изјава за „The Hollywood Reporter“, истакнувајќи дека на авторите на серијата не ги интересира вистината и дека соработуваат со семејството Фароу и оние кои ги поддржуваат.
Ален и неговата сопруга Сон-Ји Превин, која исто така е посвоена ќерка на Меј Фароу, тврдат дека авторите ја подготвувале серијата со години и дека ги контактирале дури пред помалку од два месеци. Тие добиле рок од неколку дена да реагираат и да одговорат на обвинувањата изнесни во серијата.
„Како што е познато со децении, овие обвинувања се категорично лажни. Во тоа време неколку тела го истражуваа случајот и открија дека, без оглед на тоа што Дилан Фароу беше убедена да верува, никогаш не се случило апсолутно никакво злоставување. За жал, не е изненадување што „HBO“ го емитува ова, тие имаат деловни односи со Ронан Фароу. Иако оваа лоша серија можеби ќе
привлече внимание, тоа не ги менува фактите“, се вели во изјавата Ален.
Еден од режисерите на филот, Кирби Дик рече дека тие намерно се фокусирале на приказната на Дилан Фароу, затоа што приказната на Вуди „веќе е позната“ за јавноста.
Дик верува дека многу приврзаници на Ален, откако ќе ја изгледаат докуменарната серија „или ќе се предомислат или ќе ги видат работите на многу поинаков начин“.
Миа Фероу изјави дека и по 30 години од нивната разделба сѐ уште се плаши од Вуди Ален