Откако актерката Еван Рејчел Вуд го обвини рокерот Мерилин Менсон за злоставување, се огласи и музичарката Фиби Бриџерс, па го сподели своето искуство со Менсон со кој што, како што изјавила, еднаш додека била тинејџерка имала средба во неговата куќа.

„Бев во куќата на Мерлин Менсон кога бев тинејџерка, со некои пријатели. Бев негов голем фан. Една од собите во куќата ја опиша како „соба за силување“. Мислев дека има само лоша, незрела смисла за хумор. Престанав да бидам негова обожавателка“, напишала таа на Твитер.

„Ги поздравувам сите кои што проговорија за ова. Издавачката куќа знаеше, неговиот менаџмент знаеше, бендот знаеше. Тоа што сега се оградуваат и се преправаат дека се шокирани и ужаснати е бедно“, додала таа.

Да се потсетиме, актерката Еван Рејчел Вуд објави дека Менсон ја злоставувал во текот на нивната врска:

„Името на мојот злоставувач е Брајан Варнер, познат во светот и како Мерилин Менсон. Почна да ме „тренира“ кога бев тинејџерка и ужасно ме злоставуваше со години. Ме ги „испра“ мозокот и ме изманипулира да се покорам. Доста ми е од животот во страв од одмазда, клевети и уцени. Тука сум за да го разоткријам овој опасен човек и да ја повикам индустријата којашто му овозможила да го прави тоа пред да уништи и други животи. Стојам покрај жртвите кои повеќе нема да молчат“, напиша таа во својата објава на Инстаграм.

Отпосле се јавија повеќе жени со слични приказни, но Менсон ги отфрли сите обвинувања и рече дека неговите врски „секогаш била спогодбени“.

    Твитер