Претседателот на САД, Џо Бајден по слетувањето во Велика Британија кажа дека пристигнал во Европа за да го одбрани коцептот демократија. Тој додал дека има големи очекувања од оваа посета, а го предупреди и претседателот на Русија, Владимир Путин дека за време на нивниот состанок следната недела ќе се отворат некои тешки теми.

– Ќе учествувам на Самитот Г7 и на НАТО Самитот во Белигја, а притоа ќе се состанам и со господинот Путин и ќе му кажам сè, што имам, изјавил Бајден по слетувањето во Велика Британија.

Тој говорел и за повлекувањето на амерканските трупови од Европа, опишувајќи ги како камен темелник на глобалната безбедност, а притоа се надоврза и со состанокот со Путин.

– Не сакаме конфликт со Русија. Ние сакаме да имаме стабилен однос со нив. Сакам да бидам јасен – Соединетите држави ќе одговорат на многу груб начин ако руските власти не престанат со активностите што ни штетат. Јас веќе ви го демонстрирав тоа. Ќе му кажам дека тоа ќе биде последица како резултат на кршење на суверенитетот на демократските земји како што се САД и земјите во Европа – рече Бајден.

Пред средбата со Путин во Женева следната недела, Бајден ќе се консултира со лидерите на Г7 и лидерите на НАТО.

– Нашата мрежа на сојузници и партнери е најголемата предност што ја имаат Соединетите држави. Нашата алијанса го прави светот побезбедно место за живеење за сите нас и ни помага да ги решиме сите проблеми што ја загрозуваат нашата иднина. Ќе се сретнеме со Русите од позиција на голема светска сила – рече тој.

Тој додаде дека една од главните мисии на неговата турнеја низ Европа е да ги убеди светските лидери дека по четири години владеење на Доналд Трамп, САД се враќаат на вистинскиот пат, пренесува Си-Ен-Ен.

– Ќе го дискредитираме секој што мисли дека времето на демократијата заврши, а некои земји мислат така – рече Бајден.

Тој во многу емотивен момент се присети на последната служба на својот покоен син. Тој им се заблагодари на собраните членови на американската служба и по тој повод го спомна неговиот син кој беше мајор на Националната гарда во Делавер.

– Би сакал мојот мајор да биде со вас денес, да ви се заблагодари и тој – рече Бајден.

Следната дестинација на Бајден е Корнвол, каде тој ќе учествува на Самитот Г7, а предвидени се билатерални средби со неколку светски лидери.