Во преостанатиот натпревар од 29. коло од Премиер лигата, фудбалерите на Тотенхем дојдоа до голема победа против Саутемптон со резултат 2:1.

На првиот натпревар без Мурињо на клупата, Тотехнам дојде до победата. Додуша од пенал во 90-та минута, но трите бода се најважни за нив.

На почетокот немаше големи можности, по што Ингс ги замрзна во 30-та минута, удирајќи со глава по изведен корнер.

Тоа беше студен туш за „петлите“ кои не се заканија посериозно до 60. минута, а потоа Бејл ги презеде работите во свои раце и погоди за да го израмни резултатот. Тој гол им даде крилја на домашните кои со сите сили тргнаа да напаѓаат.

Сон погоди во 75-та минута, но од тоа ништо не се случи бидејќи имаше офсајд позиција. Сепак, Кореецот беше тој што го водеше својот тим до победата во 90-та минута, кој погоди од белата точка и со тоа стана херој од трагичар.

Инаку, Хари Кејн не настапи на овој натпревар поради повреда.

По овој триумф, Тотенхем е на шестата позиција со 53 бода и има само два помалку од местото кое води во Лигата на шампионите, додека Саутемптон се на 14-та позиција со 36 бода.