Обилните дождови и денеска предизвикуваат поплави во Албанија додека најкритично е во Лач, Скадар, Лежа и во Драч. Неколку илјади хектари земја се под вода, блокирани се патишта од свлечишта, десетици живеалишта, урнати се мостови во рурални области, а изолирани се многу села до кои може да се стигне само со воени камиони или пловни објекти.

Властите соопштија дека досега се поплавени 7.450 хектари земја, а некои патишта се привремено блокирани поради лизгање на земјиштето.

– Advertisement –

Лошите временски услови и обилните дождови донесоа многу проблеми и поплави и во некои области на Косово. Една од најпогодените општини е Каменица, каде се урна мостот во селото Хајноц. Некои куќи се поплавени, а и многу патишта се под вода. Премиерот Авдулах Хоти најави обештетување. Во соопштението на Министерството за инфраструктура, се апелира граѓаните да бидат внимателни додека возат или се движат по клисурите и речните долини.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе