Христијан Мицкоски повторно беше во Будимпешта, веројатно по нови инструкции од неговиот ментор, криминалецот во бегство Никола Груевски, велат од владејачката СДСМ, откако претседателот на опозициската партија објави дека е во Будимпешта заедно со потпретседателот Александар Николоски на средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орба,.

Од СДСМ велат:

Откако му пропаднаа сите обиди за да ја закочи државата, да ја дестабилизира и да создаде поделби, сега очигледно му се потребни совети како да се однесува по однос на референдумот што самиот го најавува.

Референдумот на Мицкоски е само за вантрепартиска употреба, него не го поддржуваат ниту неговите коалициски партнери освен Левица а прашање е дали има поддршка и од сопственото членство.

Затоа што се виде дека тој нема доверба ниту во раководството на партија, дека на веб сајтот на ВМРО-ДПМНЕ единствен член на Извршниот комитет е самиот Мицкоски.

Затоа Мицкоски ја лаже јавноста со некакви нотарски изјави на пратениците кои се без правно дејство и се скара со сите опозициски партии.

Мицкоски има проблем секогаш кога државата напредува, затоа креираше крвави сценарија, затоа најавува референдум за кој и самиот знае дека нема да биде успешен.

Христијан Мицкоски останува осамен во антиевропското и деструктивно постапување.