Сателитските снимки од градовите во Кина покажуваат зголемена градежна активност во крематориумите и погребалните претпријатија, што ја илустрира сериозноста на епидемијата на ковид-19 во најнаселената земја во светот. Сликите направени од компанијата Максар кон крајот на декември и почетокот на јануари и споделени со американската ТВ мрежа NBC News покажуваат нови, поголеми паркинзи и повеќе автомобили паркирани надвор од погребните претпријатија во Пекинг и на други места во споредба со снимките од истиот период од претходните години.
Во некои места во Пекинг, крематориумите работат континуирано, 24 часа на ден, цела недела. Додека кинеската влада вели дека епидемијата е предвидлива и под контрола, Светската здравствена организација вели дека официјалните кинески податоци не го изразуваат бројот на хоспитализирани и смртни случаи од коронавирусот. Официјалниот број на загинати во Кина е само околу 5.270 од почетокот на пандемијата, но меѓународните експерти велат дека во следните месеци, како што ќе се укинат ограничувањата, бројот на загинати може да се искачи на милион или повеќе, речиси исто како и во Соединетите држави.