Шпанскиот премиер во технички мандат Педро Санчез денеска предложи во рок од шест месеци да се одржи меѓународна мировна конференција за конфликтот на Блискиот Исток, со цел да се реши војната меѓу Израел и Хамас.

-Предлагаме да се одржи меѓународна мировна конференција во рок од шест месеци за да се почувствува вклучена целата меѓународна заедница и да можеме дефинитивно да најдеме решение со две држави за Израел и Палестина, рече Санчез во Брисел.

Санчез повика и на хуманитарен прекин на огнот за да може да се достави помош до Појасот Газа.