Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, ги кажа условите за да го продолжи договорот со Ливерпул.

Според „The Mirror“ Англија, Салах бара од Ливерпул 500.000 фунти неделно според новиот договор.

Со моменталниот договор Салах добива 200 илјади за истиот период, но доколку Ливерпул го прифати овој услов, Египќанецот ќе стане најплатениот играч во историјата на клубот.

Во тековната сезона, напаѓачот одигра три натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи два гола и две асистенции.

На Салах му остануваат помалку од две години од актуелниот договор.