Според новото истражување, чоколадото ни привлекува поради начинот на кој нејзината текстура се менува во нашата уста. Научниците конечно сфатија што се случува за време на конзумирањето на чоколадото, односно кога таа се менува од цврста во мазна емулзија.
„Кога знаете како всушност се чувствува храната во вашата уста, тогаш можете да го искористите тоа знаење за да дизајнирате храна со подобар вкус, текстура или други придобивки“, објасни коавторот на студијата, професор Анвеша Саркар од Универзитетот во Лидс.
Маснотиите играат клучна улога бидејќи, кога ќе дојдат во контакт со јазикот, се ослободуваат цврсти честички од зрната какао. Тие стануваат важни во однос на тактилната сензација.
„Се испостави дека масниот слој мора да биде на надворешниот дел од чоколадото, тоа е најважно. Затоа чоколадото има толку добар вкус“, додала таа.
Резултатите од студијата се објавени во списанието ACS Applied Materials and Interface, а се засноваат на аналитички техники од трибологијата, науката која проучува што се случува на површините на две тела кои се допираат едно со друго.
„Нашето истражување ја отвора можноста за производителите да дизајнираат темно чоколадо за да ја намалат вкупната содржина на маснотии, односно да понудат поздрав избор“, истакна водечкиот автор на студијата, д-р Сиаваш Солтанахмади.
Британците се меѓу најголемите зависници од чоколадо во светот и во текот на својот живот јадат во просек тон и половина чоколадо. Бизнис консултантската компанија MINTEL предвидува дека продажбата на чоколадо во Велика Британија ќе порасне за 13 отсто до 6,6 милијарди фунти во следните пет години.